19 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Пратеникот од коалицијата Европски фронт, Блерим Беџети, реагираше на, како што вели, известување што го добил од Собранието, посочувајќи дека СМС-пораките биле испратени исклучиво на македонски јазик. Според него, ваквата практика претставува директно занемарување на употребата на албанскиот јазик во институциите.
Беџети оцени дека не станува збор за технички пропуст, туку за политички сигнал. Тој нагласи дека испраќањето пораки само на македонски јазик укажува на третирање на албанскиот како неофицијален, иако, според уставниот и законскиот поредок, тој има рамноправен статус.
Во својата јавна објава, пратеникот посочи дека ваквиот пристап, според него, не е изолиран случај. Тој ги спомена и претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, како и претседателот на Собранието, Африм Гаши, тврдејќи дека и кај нив се забележува сличен однос кон употребата на албанскиот јазик.
„Кога највисоките институции го исклучуваат јазикот дури и од основни форми на комуникација, тоа не може да се смета за случајност, туку за координиран пристап“, истакна Беџети.
Тој предупреди дека ова прашање не е само политичко, туку допира до темите на достоинството и почитувањето на уставниот поредок. Според него, занемарувањето на албанскиот јазик во институционалната комуникација може да има пошироки последици, вклучително и негово постепено исклучување од процесите на одлучување.
„Албанскиот јазик не е декор, туку црвена линија“, порача Беџети, додавајќи дека ваквите појави се неприфатливи и не смеат да поминат без соодветна реакција.
Украден бакарен лим од покривот на црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во Чаир
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

