09 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Брегот на Охридското Езеро во Струга деновиве е затрупан со големи количини отпад, кој според сведоштва на граѓани е исфрлен директно од самото езеро. Пластични шишиња, најлонски кеси и друг разновиден отпад се насобрани долж крајбрежјето, оставајќи грда слика и предизвикувајќи сериозна загриженост кај локалното население.
Жителите велат дека ваквата појава не е нова и дека се повторува речиси секоја година, особено по силен ветер и невреме, кога отпадот од езерото завршува на брегот. Освен што ја нарушува природната убавина на езерото, ѓубрето претставува и директна закана за екосистемот, рибниот фонд и туристичкиот имиџ на Струга.
„Ова е недозволиво за едно од најзначајните природни богатства во државата. Ако не се преземат сериозни мерки, последиците ќе бидат долгорочни“, реагираат граѓани кои секојдневно се движат покрај брегот.
Тие упатуваат апел до надлежните институции за итно чистење на крајбрежјето, но и за преземање конкретни чекори за спречување на ваквите појави во иднина. Според нив, потребни се поголема контрола, редовно одржување и подигнување на јавната свест за заштита на Охридското Езеро како природно и културно наследство.
„Пратениците нека дојдат и пешки – Собранието утре ќе работи“, порача Гаши
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

