27 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Амбасадата на Република Бугарија во Скопје соопшти дека останува во состојба на зголемена подготвеност за да им укаже помош на бугарските државјани кои се блокирани на граничните премини во Северна Македонија. Причина за застојот е протестот на тешкотоварните превозници, организиран поради воведувањето на новиот систем EES (Entry/Exit System).
Од Амбасадата информираат дека внимателно ја следат состојбата на терен и се подготвени да реагираат во рамки на своите надлежности, со цел да обезбедат поддршка и информации за засегнатите граѓани.
Бугарските државјани на кои им е потребна помош можат да ја контактираат Амбасадата преку следните канали:
Телефони:
+389 2 3229 444
+389 2 3246 491
Дежурен мобилен телефон:
+389 75 280 013
Е-пошта:
Embassy.Skopje@mfa.bg
Од дипломатската мисија апелираат до граѓаните да останат смирени и редовно да се информираат за развојот на состојбата на граничните премини.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

