10 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги соопшти новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од полноќ. Според најновата одлука, цената на евродизелот во Македонија ќе изнесува 85,50 денари за литар, што претставува зголемување од 14,50 денари.
Со ова поскапување, цената на дизелот се зголемува за околу 20 проценти, со оглед на тоа што до денес (9 март) литар дизел се продаваше по 71 денар.
Главна причина за поскапувањето е нестабилната геополитичка ситуација на Блискиот Исток, особено војната во Иран и регионот, како и затворањето на Ормутскиот теснец. Овој теснец е еден од најважните светски транспортни коридори за нафта, па неговото затворање доведе до намалување на извозот и ограничување или целосно запирање на дел од нафтените капацитети во земји како Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Катар, Ирак и Бахраин.
Поради овие случувања, цената на суровата нафта на светските берзи достигна четиригодишен максимум, што се одрази и врз цените на горивата во голем број европски земји.
Иако раст на цените има и во соседните држави, Македонија бележи најголемо зголемување.
Зголемувањето од 14,5 денари во Македонија изнесува околу 23,5 евроценти по литар, што е повеќе отколку во поголемиот дел од земјите во регионот.
Иако во повеќето соседни земји дизелот и понатаму е поскап отколку во Македонија, споредбата покажува дека најголемиот скок на цената е токму кај нас. Ова се случува во период кога цените на нафтата продолжуваат да растат на светските берзи, што остава можност за дополнителни корекции и во наредниот период.
Денеска 9 март 2026 година се празнува Наоѓањето на главата на Свети Јован Крстител
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

