29 април 2025
• од Вардарски
На денешниот ден, православната црква ги слави светите маченички Агапија, Хионија и Ирина — три сестри по тело и по дух, родени во околината на античката Аквилеја. Нивната животна приказна е сведоштво за сила, храброст и вера, во време на жестоки прогонства на христијаните под власта на римскиот цар Диоклецијан.
Во текот на овие прогонства, царот наредил да се погуби и прочуениот христијански духовник, свети Хрисогон. Неговото тело останало непогребано, сѐ додека на еден стар свештеник по име Зоил не му се јавило видение во кое му било откриено местото каде се наоѓа. Тој побрзал, го пронашол телото и го положил во ковчег во својот дом. По триесет дена, свети Хрисогон му се јавил во ново видение и му претскажал дека за девет дена ќе пострадат трите сестри – Агапија, Хионија и Ирина, а и тој самиот ќе се претстави пред Господа.
Слично видение имала и светата Анастасија Узорешителница, која тргнала да го најде својот духовен учител Хрисогон. Пророштвото се исполнило – старецот Зоил го предал духот, а трите сестри биле изведени пред царот. Одбивајќи да се поклонат на идолите и исповедајќи ја својата вера во Христа, тие покажале голема храброст. Света Ирина му одговорила на царот дека е бесмислено човек да се поклонува на предмети направени од дрво и камен, изработени од човечки раце за пари.
Огорчен од нивната непоколебливост, царот ги фрлил во затвор, а потоа ги одвел со себе во Македонија. Таму, ги доверил на војводата Дулкитиј за понатамошно мачење. Обземен од телесни страсти, Дулкитиј сакал да ја оскверни нивната чистота, но Божјата промисла не дозволила тоа да се случи. Кога се обидел да влезе кај нив, бил заслепен и завршил бакнувајќи и галејќи црни лонци, мислејќи дека се девиците, а излегол од таму поцрнет и понижен.
По овој настан, царот му го доверил случајот на друг војвода – Сисиниј. По тешки мачења, првите две сестри – Агапија и Хионија – биле осудени на смрт во оган. Света Ирина, пак, била задржана со надеж дека ќе биде покорена, но нејзината чистота повторно била заштитена од ангелите Господови. На крај, таа била изведена на рид за да биде убиена, но војниците не можеле да се качат горе, па ја убиле со стрели.
Света Анастасија ги собрала нивните тела и чесно ги погребала, а трите сестри го завршиле својот живот во мачеништво околу 304 година, со што станале вечни сведоци за победата на верата, љубовта и чистотата над злото и телесната похот.
Нека нивниот пример нѐ води кон доблест, храброст и духовна чистота.