19 февруари 2026
• од Вардарски
Комисија за спречување и заштита од дискриминација утврдила директна дискриминација врз лидерот на Левица, Димитар Апасиев, сторена од страна на Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Информацијата ја објави самиот Апасиев на социјалните мрежи, наведувајќи дека дискриминацијата се однесува на „неуредна и невоедначена достава и ускратување на уставно загарантираното право на правен лек“.
„Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди директна дискриминација врз мене сторена од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата, поради неуредна и невоедначена достава и ускратување на уставно загарантираното право на правен лек“, напиша Апасиев.
Тој во објавата упати и критики до членовите на ДКСК, најавувајќи дополнителни правни чекори.
„Ами сега бе, ‘правничишта’? Ќе ви бапнам и едно тужбиче за оштета плус, па вие докажувајте се пред суд како, нели, не требало да го објавите решението на вашиот веб-сајт, иако законот тоа изрично го пропишува“, стои во неговата објава на Фејсбук.
Засега нема официјална реакција од Државна комисија за спречување на корупцијата во врска со наводите и утврдената дискриминација.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

