18 февруари 2026
• од Гоце Кически
Во најновата колумна објавена од ЦИВИЛ Медиа, авторот Драган Мишев оценува дека главните пречки за напредокот на Северна Македонија кон членство во Европската унија се наоѓаат во домашната политичка сцена, а не надвор од земјата.
Во текстот се повикува на последното истражување на Институтот за демократија „Социетас цивилис“, според кое „по долги години пад, се бележи раст на поддршката на граѓаните на Северна Македонија за влез во Европската униија“. Според анкетата спроведена во ноември, „дури 71 отсто од граѓаните дале поддршка за ЕУ, што е скок од речиси десет отсто“.
Авторот наведува дека зголемената поддршка најмногу произлегува од промената на ставовите кај неопределените граѓани и дел од македонскиот етникум.
Во колумната се тврди дека пораките од јавноста не се соодветно слушнати од власта. Мишев пишува дека премиерот Христијан Мицкоски „упорно одбегнува да ги реализира договорените обврски со кои ќе се одблокираат преговорите за членство во ЕУ“, додавајќи дека тој „поставува дополнителни услови, глумејќи загриженост за Македонците во Бугарија“.
Текстот исто така се осврнува на односите со соседите, при што се наведува дека премиерот „се труди да ги обнови несогласувањата со друга соседна земја, Грција“, преку избегнување на користење на уставното име.
Авторот понатаму пишува дека со ваквиот пристап се создаваат политички тензии и се одвлекува вниманието од реформските обврски. Во колумната се вели дека „со создавањето надворешни и внатрешни непријатели, Мицкоски го артикулира и практикува принципот да идентификува… специфичен непријател за да ја насочи популистичката омраза“.
Во делот за економијата и транспортот, Мишев наведува дека позитивните најави од властите не се потврдиле. Како што се посочува, „ЕУ ги отфрлила сите предлози на превозниците од Западен Балкан“, повикувајќи се на изјава од босанскиот министер за транспорт.
Колумната завршува со оценката дека „станува сѐ поочигледно дека не Бугарија, туку ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се главен, ако не и единствен кочничар за влез на земјава во Европската Унија“.
Текстот претставува став на авторот објавен во рамки на колумнистичката рубрика на ЦИВИЛ Медиа.
Вучиќ предупредува на напади од сите страни — дали Белград се плаши од Бугарија?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

