12 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Дрзок крадец вчера претпладне нападнал скопјанка на автобуска постојка во строгиот центар на градот, при што со употреба на физичка сила ѝ го одзел накитот што го носела на себе.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во текот на вчерашниот ден. Жената, идентификувана како С.М. од Скопје, во полициската станица пријавила дека нападот се случил на 10.04.2026 година околу 10:30 часот.
Настанот се одвивал среде бел ден, на фреквентна локација во подрачјето на општина Центар. Како што стои во пријавата:
Од СВР Скопје потврдуваат дека се запознаени со случајот и дека веќе се преземаат сите неопходни оперативни мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на настанот.
„На 10.04.2026 во 20:30 часот во СВР Скопје, С.М. од Скопје пријавила дека околу 10:30 часот, на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело накит кој го носела. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.
Граѓаните кои често се движат низ центарот на градот апелираат за поголема будност и засилено полициско присуство, со оглед на тоа што ваквите дрски кражби се случуваат на јавни места каде во секој момент има раздвиженост.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

