30 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Демократска унија за интеграција (ДУИ) реагираше по информациите дека Струга конечно нема да биде поврзана со автопатот Охрид–Кичево, оценувајќи дека станува збор за официјално укинување на дел од Коридорот 8.
Од партијата посочуваат дека станува збор за сегментот Требениште–Ќафасан, кој има клучно значење за поврзување на Северна Македонија со Албанија. Според нив, со оваа одлука Владата уште еднаш покажала недоследност и нетранспарентност во однос на инфраструктурните проекти.
„И официјално се укина Коридорот 8, сегментот Требениште–Ќафасан, кој ја поврзува Северна Македонија со Албанија. Пред еден месец кога го отворивме ова прашање, беше оценето како шпекулација. Денес вистината излезе на виделина“, велат од ДУИ.
Партијата дополнително обвинува дека ова е уште еден во низата нереализирани проекти и дека со ваквите одлуки се ускратуваат правата и развојните можности на граѓаните.
„Уште еден проект е укинат, уште едно право е негирано од оваа влада“, се наведува во реакцијата на ДУИ.
Од ДУИ бараат поголема одговорност и јасност од институциите во врска со иднината на стратешките инфраструктурни проекти, особено оние што имаат регионално значење.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

