24 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагира на постапките на коалицијата ВЛЕН, обвинувајќи ја дека свесно или несвесно, од незнаење или сервилност, ги урива основите на консензуалната демократија воспоставени преку Охридскиот рамковен договор.
ДУИ истакнува дека ВЛЕН ги има укинато два од најуспешните модели на демократско управување во земјата:
🛑 Првиот е балансерот, кој според ДУИ не бил обичен административен инструмент за вработување, туку механизам за консензуалност, фер застапеност и спречување на доминација на една етничка група во државните институции.
🛑 Вториот е моделот со двајца директори со заеднички потпис во здравствениот сектор, кој според партијата бил вистински тест за консензуална демократија, гарантирајќи еднаков пристап до здравствените услуги за Албанците, заедничко носење одлуки и поделена одговорност.
ДУИ обвинува дека ВЛЕН, наместо да ги заштити овие постигнувања, се вклучил во нивното уривање, што според нив претставува „искоренување на еднаквоста како принцип и институционална практика“.
📌 „Историјата ќе ги запомни со име и презиме сите што ги допреа темелите на консензуалната демократија и помогнаа во уривањето на модел кој функционираше“, порачуваат од ДУИ.
Партијата предупредува дека со уривање на балансерот и концептот на заедничко одлучување, не се уриваат само технички решенија, туку се урива самата рамноправност, Охридскиот договор и соживотот.