17 март 2026
• од Станча Јаќимовски
вајца фудбалски судии биле физички нападнати по завршувањето на фудбалски натпревар што се одиграл во саботата во Скопје, информираат од полицијата.
Според полицискиот билтен, инцидентот се случил на 14 март 2026 година во 14:07 часот, во службените простории на стадион лоциран во скопската населба Кисела Вода. По завршувањето на натпреварот помеѓу екипите ФК Кул и ФК Кожуф, две службени лица – фудбалски судии – биле физички нападнати.
Како што се наведува, нападот го извршил Р.Ц. (57) од Скопје. Мотивите за нападот засега не се официјално соопштени.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот е во фаза на целосно документирање, по што против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава согласно Законот за спречување на насилство и недолично однесување на спортски натпревари.
Надлежните апелираат до граѓаните на фер и спортско однесување, нагласувајќи дека насилството на спортските терени нема да биде толерирано.
Маслото достигна 100 денари – граѓаните алармираат за поскапувања во маркетите
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

