23 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Фатон Ахмети, преку објава на својот профил реагираше на расистичките повици извикувани за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Башкими и ФК Вардар.
Според Ахмети, на натпреварот биле изнесени скандалозни и говори на омраза насочени кон Албанците, меѓу кои повици за насилство и дискриминација. Тој нагласува дека до овој момент нема официјална реакција или осуда од надлежните институции, што, како што вели, претставува обид ваквите инциденти да се премолчат.
„Дали ќе има реакција и осуда за скандалозните повици, или и ова ќе помине во тишина?“, прашува Ахмети во својата објава, барајќи одговорност и јасна институционална реакција.
Ахмети апелираше до надлежните органи да постапат согласно законот и да не дозволат ваквите појави да станат нормализирани во јавниот простор, особено на спортските настани кои треба да промовираат фер-плеј и меѓусебна почит.
Романија се восхитува на Бугарија за новиот научен проект – за што станува збор?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

