22 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, со остра реакција на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за водење политика на изолација и свесно оддалечување на државата од европскиот пат. Во соопштение за јавност, Филипче порача дека наместо спроведување на реформите што Европската унија ги бара веќе две години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се насочува кон анти-ЕУ кампања и создавање на вештачки конфликти.
Според него, над 70 проценти од граѓаните ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во Европската унија, додека премиерот зборува за „булинг“ и за поделби на „прва и втора лига“. Филипче истакнува дека тоа не е булинг, туку директна последица од неисполнувањето на клучните обврски – владеење на правото, слобода на медиумите и ефикасна борба против корупцијата.
Тој ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека секојдневно создава конфликти со соседните земји и дека на критиките од Брисел одговара со напади кон Европската унија. Според Филипче, токму ваквиот пристап е причината за застојот во евроинтегративниот процес.
Во реакцијата се наведуваат и сериозни обвинувања за состојбите во државата – дека големи количини дрога ја напуштаат земјата без санкции, дека судството и обвинителството се под политичка контрола, како и дека медиумите се притиснати преку, како што се наведува, „моделот на Орбан“.
Филипче потсети дека Европската унија дала јасна шанса за напредок до 2027 година, заедно со земјите од регионот. Тој посочи дека Црна Гора и Албанија бележат напредок, додека Македонија стагнира поради, како што рече, намерната политика на изолација што ја води актуелната власт.
Во заклучокот, претседателот на СДСМ оцени дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не се искрено посветени на европската перспектива на државата, туку, како што тврди, се заинтересирани за коруптивни практики без надзор. „Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност“, стои во реакцијата, во која Филипче додава дека единствениот вистински „булинг“ врз македонскиот народ го вршат токму ВМРО-ОКГ и Мицкоски.
Романија се восхитува на Бугарија за новиот научен проект – за што станува збор?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

