12 април 2026
• од Гоце Кически
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва излезе со остра реакција по објавувањето на изборните резултати во Унгарија, тврдејќи дека, како што рече, „недемократскиот режим“ на Виктор Орбан доживеал пораз.
Во својата изјава, Филипче оцени дека исходот од изборите претставува пресвртница не само за Унгарија, туку и за политичките текови во регионот и Европа. Според него, падот на Орбан значи и крај на, како што наведе, политичките и бизнис врски што постоеле меѓу унгарската власт и структури блиски до ВМРО-ДПМНЕ.
„Вечерва Унгарија рече доста е. Ова е крај на еден автократски модел на владеење кој со години ја оттурнуваше земјата од демократските вредности“, истакна Филипче.
Тој посочи дека со доаѓањето на новиот премиер, Петер Маѓар, се очекуваат значајни реформи, особено во медиумскиот сектор, каде, според него, досега постоело силно политичко влијание.
Филипче во своето обраќање направи и паралела со состојбите во регионот, оценувајќи дека, како што рече, „паѓаат автократските режими“, и најави дека ваквите процеси ќе се одразат и во други држави.
Во контекст на домашната политика, лидерот на СДСМ нагласи дека неговата партија ќе продолжи да се бори за враќање на, како што рече, „власта во рацете на народот“ и за враќање на државата на европскиот пат.
„Демократијата и Европа победуваат. Македонија има шанса конечно да се движи напред“, порача Филипче.
Изјавата доаѓа во време на зголемени политички тензии во земјата, при што владејачките и опозициските партии сè почесто ги поврзуваат домашните случувања со пошироките геополитички трендови во Европа.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

