13 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Венко Филипче изјави дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја има улогата на „чувар на столчето“ во партијата со цел да се подготви теренот за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски.
Во интервју за Фокус, Филипче истакна дека начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ ја води партијата и комуницира со јавноста е насочен кон зачувување на лични и партиски позиции, наместо кон решавање на реалните проблеми на граѓаните.
„Може ли воопшто да им се верува на луѓе кои велат дека вистината е пресечена и закована? Целта веројатно им е јасна на сите – наместо во Идризово, од аеродром директно во Белата палата. Затоа Мицкоски, како чувар на столчето во ВМРО-ДПМНЕ, ги тргна сите потпретседатели на партијата. Се отвора патот за вистинскиот шеф на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Филипче.
Тој додаде дека, според него, целата стратегија на ВМРО-ДПМНЕ се базира на манипулации и засилена медиумска пропаганда со цел да се овозможи враќањето на Груевски.
„Граѓаните ќе го видат тоа кога ќе започне целиот процес на поништување на одлуките и враќање на шефот од Будимпешта во ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи Филипче.
Во интервјуто, претседателот на СДСМ посочи дека ВМРО-ДПМНЕ шири невистини за Специјалното јавно обвинителство со цел да се овозможи ослободување и враќање на Груевски.
„Сите тука се запознаени со тоа што се случуваше и што се случува сега, вклучително и со овој случај. ВМРО-ДПМНЕ целосно го клевети СЈО со една цел – да го ослободи и врати Груевски, по падот на Виктор Орбан во Унгарија. Катица беше ослободена порано за да може да учествува во црната кампања против СДСМ и повторно да се преиспитаат одлуките за Груевски“, рече Филипче.
Беким Фазлиу: Ако „Фармата на животните“ беше за РСМ, ќе имаше и Уставна штала
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

