10 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, најави дека партијата во наредниот период ќе предложи пакет законски решенија насочени кон олеснување на трошоците на граѓаните. Меѓу предлозите ќе биде и законско решение за намалување на цените на патарините.
Во одговор на новинарско прашање, Филипче истакна дека СДСМ подготвува повеќе закони во согласност со вредносните политики на партијата и дека дел од нив ќе се однесуваат на директна финансиска поддршка и намалување на секојдневните трошоци на граѓаните.
„Во следните недели ќе излеземе со предлог на повеќе закони согласно нашите вредносни политики од повеќе области, со што во еден од законите ќе побараме и намалување на цените на патарините, како уште еден механизам да им се излезе во пресрет на граѓаните“, изјави Филипче, објави 4news.mk.
Тој оцени дека актуелните цени на патарините во земјава се неразумно високи и дека не се споредливи со оние во регионот и во европските држави.
„Вакви цени на патарини во државава нема никаде, ниту во регионот, ниту во Европа. Во високо развиените европски земји годишно се плаќа цена за користење на патиштата низ целата држава, која кај нас е еднаква на трошокот за само едно патување, на пример од Скопје до Гевгелија“, нагласи Филипче.
Според него, намалувањето на цените на патарините би било значаен чекор кон подобрување на животниот стандард и намалување на финансискиот притисок врз граѓаните, особено за оние кои секојдневно ги користат автопатиштата.
Филипче: СДСМ повторно го поднесува законот, 600 евра минимална плата сега
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

