17 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во изјава за медиумите истакна дека во рамки на партијата постои јасен договор за борба против, како што рече, „криминалната власт“ на ВМРО-ДПМНЕ, како и за обезбедување европска иднина на државата.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со наводни договори, Филипче ги отфрли ваквите тврдења, посочувајќи дека е изложен на, како што наведе, континуирани медиумски напади и дискредитации.
„Ме прашувате за некаков договор. Гледате што ми прават секој ден – ме масакрираат медиумски, ме споредуваат со убиец на деца, ме обвинуваат за разни работи и ме поврзуваат со неточни информации. Така ли изгледа договор? Нема апсолутно никаков договор“, изјави Филипче.
Тој нагласи дека единствениот договор што го има е со членовите на СДСМ.
„Имам договор со членовите на СДСМ дека ќе се бориме за европска, просперитетна Македонија и дека ќе се пресметаме со оваа криминална власт. Сите што се сега на власт ќе одговараат за сè што прават“, додаде Филипче.
Изјавата доаѓа во период на засилени политички тензии и меѓупартиски обвинувања, при што од СДСМ најавуваат поинтензивна политичка борба и активности во наредниот период.
Маслото достигна 100 денари – граѓаните алармираат за поскапувања во маркетите
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

