17 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, остро ја критикуваше политиката на актуелната влада, оценувајќи дека таа свесно ја оддалечува државата од европскиот пат и ја води кон изолација, додека зад, како што рече, „лажниот патриотизам“ стојат исклучиво бизнис интереси.
Филипче посочи дека преку клучни сектори како енергетиката, инфраструктурата и телекомуникациите се воспоставува мрежа на поврзаност со одредени бизнис структури.
„Во енергетиката се најавуваат проекти кои водат до компании поврзани со луѓе блиски до премиерот Орбан. Истото се случува и со инфраструктурните проекти, кои водат кон Будимпешта, како и со медиумите и телекомуникацискиот сектор, по доделувањето на лиценца на унгарската компанија ‘4iG’. Сето ова отвора прашање во каква држава планираат да ја претворат Македонија – силно корумпирана и криминална“, изјави Филипче.
Тој најави дека СДСМ ќе преземе сериозни политички активности со цел, како што рече, да ги разобличи овие политики.
„Зад лажниот патриотизам се крие само бизнис интерес и ништо друго“, нагласи Филипче.
Филипче истакна дека евроинтеграцискиот процес стагнира, што според него е потврдено и со изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Премиерот јасно кажа дека нема да се направи чекор напред кон Европската Унија. Тоа значи дека по децении чекање, во момент кога проширувањето повторно станува приоритет на ЕУ, владата одлучува сама да го запре европскиот пат“, рече тој.
Според него, ваквата политика директно им штети на граѓаните, ограничувајќи ги нивните можности.
„Им се ускратува пристапот до единствениот европски пазар од 500 милиони луѓе, се ограничува слободното движење, а граѓаните се приморани од економски причини да вадат бугарски пасоши“, додаде Филипче.
Филипче нагласи дека за ваквата насока на владата веќе постојат сериозни предупредувања од европските институции.
„Еврокомесарката Марта Кос порача дека нема место за нови членки во кои има влијание од Русија и други актери и дека Европа не сака ‘тројански коњи’. Тоа е силна порака. По забелешките во извештајот на Европскиот парламент за ‘српскиот свет’, ова е уште едно сериозно предупредување“, изјави Филипче.
Тој додаде дека и во извештајот на известувачот Томас Вајц се нотира отсуство на напредок во клучните области.
„Нема напредок во владеењето на правото, реформите во правосудството, како и во борбата против корупцијата и криминалот“, заклучи Филипче.
Маслото достигна 100 денари – граѓаните алармираат за поскапувања во маркетите
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

