06 април 2026
• од Вардарски
Активистот Blendi Hodai упати јавен повик за масовно учество на студентскиот протест што треба да се одржи утре, нагласувајќи дека вистинската поддршка не се мери преку објави на социјалните мрежи, туку преку физичко присуство на терен.
Според Ходаи, протестот претставува „наједноставен тест на активното граѓанство“, додавајќи дека студентите немаат потреба од статуси на Facebook, туку од граѓани кои ќе им се придружат на улица и ќе застанат зад нивните основни барања.
Во својата реакција, тој упати критики и кон, како што ги нарече, „трговците со студентски каузи“, истакнувајќи дека фактите самите ги разоткриваат нивните намери. Во тој контекст, Ходаи го цитираше и Arbën Xhaferi, кој има изјавено:
„Секое општество има херои и опортунисти, жртвувачи и утилитаристи. Секогаш опортунистите се обидуваат да го искористат она што го обезбедиле хероите.“
На крајот, активистот ги повика граѓаните да земат активно учество на протестот, потенцирајќи дека политичарите од изминатите две децении треба да останат „во последниот ред на протестот“.
Пораката ја заокружи со директен повик: „Се гледаме утре на протест.“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

