16 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Вознемирувачко видео кое ја прикажува тешката животна состојба на татко и син од Гостивар се прошири на социјалните мрежи, отворајќи прашања за реакцијата на надлежните институции.
Видеото го објави Александар Сашо Андриевски, кој тврди дека двајцата мажи живеат во исклучително лоши и нехумани услови. Според објавата, тие со години живеат без основни услови за живот – без електрична енергија и без вода.
Како што се наведува, поради недостигот на основна инфраструктура, таткото и синот физиолошките потреби ги вршат во кеси, кои потоа ги фрлаат од прозорецот. Ова, според сведоштвата, претставува сериозен санитарен и здравствен ризик не само за нив, туку и за соседите и околината.
Андриевски тврди дека случајот бил пријавуван повеќепати до социјалните служби. Според неговите зборови, службени лица излегле на терен неколку пати, но одговориле дека немаат средства и механизми да помогнат во решавањето на ситуацијата.
„Ова не е само прашање на материјална помош. Потребен е и континуиран надзор и поддршка од социјалните служби“, се наведува во објавата, во која се апелира институциите итно да реагираат.
Тој исто така предупредува дека состојбата може да претставува опасност по здравјето на пошироката околина и повика на итна реакција од сите надлежни институции.
Видеото предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде граѓаните бараат институционална интервенција и помош за лицата кои живеат во овие услови.
Засега нема официјална реакција од надлежните институции за случајот.
Абу Даби: ОАЕ ќе ја издржат кризата и нападите од Иран, вели министерот Лана Нусеибе
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

