македонија12 септември 2024 Идеолог на СДСМ тврди дека македонската нација е компонирана со лаги?
Колумнистот, новинарот и за многумина еден од неформалните идеолози на СДСМ Бранко Тричковски со поддршка на ставовите на Бугарија и Грција кои тврдат дека македонската нација е вештачки создадена со помош на лаги?
,,Никаква комисија не може да ги подобри нашите позиции по
историските прашања затоа што по 99 отсто од темите немаме историја. Имаме митови и лаги кои биле компонирани при конституцијата на нацијата,но реална историја, Македонецот како субјект на времето односно на историјата-нема”, пишува Тричковски во својата најнова навреда кон македонската нација.