16 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Исчезнат е Виктор Илиоски од Прилеп, а неговото семејство преку социјалните мрежи упати итен апел до јавноста за помош во неговото пронаоѓање.
Неговата мајка, Роза Илиоска, јавно побара поддршка од граѓаните, истакнувајќи дека секоја информација може да биде од клучно значење. Според нејзините наводи, Виктор последен пат бил виден вчера околу 14 часот.
Во моментот на исчезнувањето бил облечен во тегет ветровка, црни тренерки и сиви патики.
Семејството апелира до сите граѓани кои имаат било каква информација што би можела да помогне во неговото пронаоѓање веднаш да се јават на телефонскиот број:
📞 076 303 292
Секоја навремена информација може да придонесе за побрзо и безбедно пронаоѓање на Виктор
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

