17 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски изјави дека истрагата за трагичниот настан во Кочани открила длабоки и долготрајни системски слабости во институциите. Според него, овие проблеми се акумулирале со години и сега излегуваат на површина преку доказите што се собираат во предметот.
Говорејќи во емисијата „Ноќно студио“, Коцевски нагласи дека во вакви случаи обвинителите мора да постапуваат исклучително внимателно, без простор за грешки.
„Како обвинител во ваков случај, не смееш да направиш грешки – ниту во истрагата, ниту во другите постапки. Додека се собираа доказите, стана јасно колку е еродиран системот. Колку подлабоко навлегуваш, толку повеќе системските пропусти излегуваат на виделина. Тоа е разочарувачки, но мора да се преземат сите неопходни чекори“, изјави Коцевски.
Тој додаде дека доказите укажуваат на сериозно нарушен систем и оцени дека трагедијата треба да послужи како силно предупредување за иднината.
„Ваква трагедија не смее да се повтори. Времето ќе покаже дали ќе се извлече поука од ова. Лично се надевам, но не сум премногу оптимист“, рече Коцевски.
Обвинителот откри дека за дел од осомничените, покрај главното кривично дело, постојат докази и за други, помали прекршоци, што дополнително укажува на, како што рече, „порозноста на системот“.
Тој се осврна и на условите во кои работеле обвинителите за време на истрагата, потенцирајќи дека тимот бил под силен временски притисок.
„Со оглед на запретената казна за делото, истрагата мораше да заврши за помалку од три месеци. По барање на обвинителите, го зголемив бројот на ангажирани обвинители, бидејќи бевме ограничени со рокови. Тие работеа и во саботи, недели и празници за да ја завршат постапката навреме“, изјави Коцевски.
Маслото достигна 100 денари – граѓаните алармираат за поскапувања во маркетите
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

