19 февруари 2026
• од Тодор Вангелов
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кавадарци против С.Н. (29) од Росоман поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.
Според информациите од полицијата, во периодот од август 2024 до септември 2025 година, пријавениот во својство на градоначалник на општина Росоман во два наврати ги пречекорил границите на своите службени овластувања. Со тоа, од Буџетот на општина Росоман биле противправно прибавени парични средства во вкупен износ од околу 500.000 денари.
Средствата, како што се наведува, биле присилно наплатени од извршител за подмирување личен долг на С.Н.
Од Основното јавно обвинителство Кавадарци се очекува понатамошна постапка по поднесената пријава.
СДСМ: Сиљановска бара поголем владин авион додека платите остануваат ниски
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

