23 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Основното јавно обвинителство Скопје ја продолжува постапката против второосомничениот во предметот за Државната лотарија, откако тој доброволно се пријавил кај органите на прогонот и изразил подготвеност за соработка со надлежните институции. Станува збор за случај во кој се опфатени вкупно шест лица, меѓу кои и Артан Груби.
Според информациите објавени од 4news.mk, на барање на второосомничениот преку неговата одбрана, во текот на денешниот ден тој бил спроведен пред надлежниот обвинител, каде извршил увид во доказниот материјал. Поради обемноста на списите, увидот ќе продолжи и во наредните денови, по што ќе му биде овозможено да ја изнесе својата одбрана.
Во однос на мерките за обезбедување на неговото присуство во понатамошниот тек на постапката, Обвинителството предложи замена на мерката притвор со куќен притвор, како и одземање на патната исправа. Како причини за ваквиот предлог се наведуваат фактот дека најголем дел од доказите веќе се обезбедени, дека осомничениот доброволно се пријавил, како и постоењето на индиции дека во притворското одделение не може целосно да се гарантира неговата лична безбедност.
Овие индиции, како што информираат од Обвинителството, се поткрепени со известувања од надлежните органи, а се однесуваат не само на безбедноста на осомничениот, туку и на членовите на неговото семејство.
Постапката продолжува, а по завршување на увидот во доказите и изнесување на одбраната, Обвинителството ќе донесе соодветна јавнообвинителска одлука.
СДСМ: „Како нема ниту една камера за 5 тони дрога, а има камери за Груби?“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

