03 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Поранешниот министер за правда Кренар Лога остро реагира на, како што оценува, континуираната политичка улога на Иван Стоилковиќ во македонскиот јавен и институционален простор, предупредувајќи дека неговото дејствување има јасна и опасна цел – поттикнување иритација и конфронтација кон Тирана, со цел прикривање на пошироки геополитички агенди.
Според Лога, особено е индикативно што Стоилковиќ ја продолжува оваа улога и по нарушувањето на личните односи меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и македонскиот премиер Христијан Мицкоски, иако, како што наведува, државните односи на функционална зависност и натаму опстојуваат.
„Ова не е случајна појава. Станува збор за свесен и намерен обид да се релативизира и прикрие политичката активност на концептот ‘Српски свет’, кој повеќе не може да се маскира зад застарени историски конструкции како ‘Вардарска бановина’. Затоа се создава вештачка и лажна противтежа преку конфронтациска реторика насочена кон Тирана“, наведува Лога.
Тој потенцира дека Тирана историски и континуирано покажувала почит кон македонскиот народ, македонскиот јазик, Македонската православна црква, државата и нејзиниот територијален интегритет.
„Доколку тоа не беше така, Стоилковиќ можеше да се фотографира пред вратата на Владата, но никогаш немаше да биде дел од неа“, порачува Лога, алудирајќи на легитимитетот и условите за учество во извршната власт.
Во завршницата, Лога испраќа јасна и недвосмислена порака: лице кое дејствува како агент или шпион на која било странска држава не смее, ниту под какви било околности, да биде дел од извршната власт на Република Северна Македонија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

