05 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Мајката која минатата година го сними својот сопруг како физички го напаѓа нивното дете во скопската населба Драчево, повторно реагира во јавноста, изразувајќи силен револт кон институциите. Таа тврди дека и покрај пријавеното насилство и покренатата постапка, таткото кој го извршил нападот во моментов се наоѓа на слобода.
Снимката од инцидентот, која тогаш се прошири на социјалните мрежи, предизвика силни реакции кај јавноста и отвори прашања за заштитата на децата од семејно насилство. По објавувањето на видеото, против 28-годишниот скопјанец беше покрената постапка.
Во нова објава на Фејсбук, мајката остро ги критикува институциите, обвинувајќи ги дека не обезбедиле доволна заштита за неа и нејзините деца.
„Да ти се плукнам во правдата. Ѓубрето да си шета слободно, викенд му следувало, можел да оди на работа – буквално ќе си шета како ништо да не се случило. Демек таква проценка се дала дека не бил опасен по живот. А што е со нас?“, напиша таа.
Според нејзините тврдења, насилството во семејството траело со години. Таа додава дека наместо конкретна и трајна заштита, од Центарот за социјална работа се обидувале да ја „смират“ ситуацијата.
По пријавениот инцидент, Основното јавно обвинителство Скопје покрена постапка против осомничениот. Тој беше приведен, а судот му одреди и мерка притвор.
Засега нема официјална реакција од Центарот за социјална работа во врска со обвинувањата на мајката. Од Обвинителството, пак, се очекуваат дополнителни информации за текот и евентуалниот исход од постапката.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

