25 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Северна Македонија се рангира на 34-то место во светот и на второ место во Европа според загадувањето на воздухот со фини честички PM2.5, покажува најновиот извештај за 2025 година објавен од платформата IQAir. Земјата се наоѓа веднаш зад Босна и Херцеговина, а пред Србија, со просечен индекс од 21,2, што укажува на надминување на дозволените вредности на PM2.5 за три до пет пати.
Според податоците, најзагадени градови во државата во текот на изминатата година биле Тетово и Струмица, со индекс од 27,3. Овие вредности значат дека концентрацијата на штетни честички била дури пет до седум пати над дозволените граници. Гостивар се наоѓа на 18-то место на листата, додека Кичево и Куманово се рангирани на 31-то и 32-то место. Главниот град Скопје е позициониран на 113-то место со индекс од 19,1.
Ова е осмиот по ред Глобален извештај за квалитет на воздухот на IQAir, кој исто така укажува дека во 2025 година Македонија забележала најниско просечно загадување во споредба со претходните години. Во минатото, индексот често надминувал вредности од 35, што значело алармантно ниво на загадување, со концентрации на PM2.5 до десет пати над дозволеното.
Анализата покажува дека најзагадени месеци биле јануари, февруари и декември, период кога зголеменото користење на огрев и неповолните временски услови дополнително го влошуваат квалитетот на воздухот. Од друга страна, најчист воздух е забележан во април и мај.
И покрај високото рангирање, податоците покажуваат позитивен тренд. Во Скопје, како и на национално ниво, загадувањето постепено се намалува. Од 2018 година наваму, индексот континуирано опаѓа – од вредности над 30 на под 20, што укажува на бавно, но стабилно подобрување на квалитетот на воздухот.
Сепак, експертите предупредуваат дека и покрај напредокот, загадувањето останува сериозен јавноздравствен проблем. Потребни се долгорочни мерки, инвестиции во чиста енергија и подобрување на урбаната инфраструктура за да се обезбеди значително и одржливо намалување на загадувањето во иднина.
Бугарија влегува во елитата на европскиот мотоспорт со нова тест-писта за Формула 1
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

