01 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Училишните клупи низ цела Македонија се празнат со алармантно темпо. Оваа учебна година започна со само 245.000 ученици – бројка која за десет години е намалена за 27.000 деца. На местата каде некогаш ѕвонеше ѕвончето за генерации, денес владее тишина.
Во Ново Село, општина со 16 населени места, годинава нема ниту едно запишано прваче во централното училиште „Видое Подгорец“. Истата судбина ја делат и подрачните училишта во селата Мокриево и Мокрино. Од 36 првачиња пред две години – денес, нула. Наместо детски гласови, училиштето се претвори во нем сведок на масовното иселување кон Швајцарија и Германија.
Трендот не застанува само во едно село. Прилеп изгуби половина првачиња за само една година – од 127, годинава останаа 75. Во Велес ситуацијата е апокалиптична – паралелки се формираат со само 2-3 деца, далеку под законскиот минимум.
Најстрашното е дека намалувањето не е локализирано – во 73 општини, вклучувајќи го и Скопје, средните училишта бележат пад. Градовите што некогаш беа жаришта на младост – Куманово, Тетово, Струга, Кичево, Штип – сега се соочуваат со полупразни класови.
Македонија официјално влезе во фаза на „длабока демографска старост“. Податоците се поразителни:
Ако денеска нема деца, утре нема да има ни работници, ни наставници, ни иднина.
Додека класовите остануваат празни, Министерството за образование се пофали дека конечно сите ученици ќе добијат учебници – и дека во наставата ќе се вклучи вештачка интелигенција. Но, дали има смисла да зборуваме за дигитална трансформација во земја која останува без ученици?
Оптимизацијата на училиштата што ја најавува МОН всушност значи едно: затворање на руралните училишта и префрлање на малкуте деца во централни објекти. Села без деца денес значат гробишта на иднината утре.
Секој изгубен ученик е изгубен живот од оваа земја. Секое празно училиште е симбол на држава што умира во тишина.
Македонија не се празни само од училишните клупи, туку од сопственото постоење. Ако ова продолжи, за една генерација нема да зборуваме за пад на бројот на ученици – ќе зборуваме за исчезнување на цели населени места, градови и региони.
Голем успех за бугарските ученици на Меѓународната олимпијада по англиски јазик
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден