27 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Писателот и публицист Ким Мехмети во подкастот „Коридор 8“ остро ја критикуваше реакцијата на македонското општество и институциите по тешките трагедии што се случија во земјата, споредувајќи ја со начинот на кој би реагирале други европски држави.
Говорејќи за пожарот во тетовската модуларна болница, во кој загинаа 14 лица, како и за други тешки несреќи во кои животот го загубија млади луѓе, меѓу кои и случајот во Кочани, Мехмети истакна дека во Македонија речиси и да немало вистинска јавна реакција.
„Да се случеше во Словенија тоа што се случи во Тетово, ќе се тресеше цела Словенија“, рече Мехмети, нагласувајќи дека добро ги познава тие средини бидејќи живеел таму и знае како реагираат општествата кога се случуваат вакви трагедии.
Според него, во Македонија тешките несреќи стануваат речиси редовна појава, без соодветна институционална одговорност. „Тука немаше ништо – немаше протести, немаше оставки. Единствено родителите, тие кутрите, излегуваат на улица“, изјави Мехмети.
Тој оцени дека изостанува системска реакција и јасна одговорност од надлежните, што, според него, создава чувство на рамнодушност и прифаќање на трагедиите како нешто нормално.
Изјавите беа дадени во подкастот „Коридор 8“, каде што Мехмети зборуваше пошироко за состојбите во македонското општество, односот кон човечкиот живот и културата на неказнивост.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

