01 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, попладнево соопшти дека остварил телефонски разговор со државниот министер за надворешни работи на Катар, Султан бин Саад Ал Мураихи, при што го осудил, како што наведе, „отворениот ирански напад насочен кон територијата на Катар“.
Во објава на социјалните мрежи, Муцунски оценува дека нападот претставува сериозна повреда на принципите на меѓународното право, вклучително и почитувањето на државниот суверенитет и територијалниот интегритет.
„Го осудив отворениот ирански напад насочен кон територијата на Катар, оценувајќи го како сериозна повреда на принципите на меѓународното право“, наведува министерот.
Тој во разговорот со својот катарски колега изразил цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар, потврдувајќи ја поддршката за мерките и одлуките преземени со цел заштита на безбедноста и стабилноста на државата.
Според Муцунски, во услови на зголемени регионални тензии неопходни се воздржаност, одговорност и засилен дипломатски ангажман. Тој апелира на спречување на понатамошна ескалација и зачувување на мирот и стабилноста во регионот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

