19 март 2026
• од Станча Јаќимовски
На 30 март е закажан почетокот на судскиот процес против Стојанче Јовановски, кој се товари за повеќе кривични дела поврзани со семејно насилство и наведување на самоубиство. Станува збор за случајот со Ивана Јовановска, која на 2 март трагично го загуби животот заедно со своето малолетно дете.
Според обвинението, Јовановски се гони за три кривични дела: телесна повреда како продолжено дело во контекст на семејно насилство, загрозување на сигурноста, како и за наведување и помагање во самоубиство.
Судењето ќе го води судијата Ивица Стефановски, кој во јавноста е познат по постапувањето во неколку значајни предмети.
Обвинението наведува дека на 2 март, на повеќе локации во Скопје, обвинетиот физички ја нападнал својата сопруга, при што ѝ нанел телесни повреди. Во еден момент, таа изгубила свест. Подоцна истиот ден, на паркинг зад Основниот кривичен суд во Скопје, ѝ упатил сериозни закани по нејзиниот живот, предизвикувајќи страв и несигурност.
Надлежните посочуваат дека насилството траело подолг временски период, при што оштетената била во зависна и подредена положба. По стекнување на сопственост врз станот во кој живееле, однесувањето на обвинетиот, според обвинението, станало сѐ поагресивно, а во текот на 2025 година дополнително ескалирало.
Тој, како што се наведува, често ја навредувал и физички ја малтретирал, и во домот и на јавни места, дури и во присуство на нивното малолетно дете. Притоа, ѝ се заканувал дека ќе ја оттурне од домот и ќе ѝ го одземе детето.
На денот на настанот, по нов бран на насилство и закани, жената се вратила дома со детето со намера да си замине. Според обвинението, доведена во состојба на тешка психичка вознемиреност и безизлезност, таа си го одзела животот.
Судскиот процес што следува треба да ги утврди сите околности и одговорноста за овој трагичен случај кој ја вознемири јавноста.
Украден бакарен лим од покривот на црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во Чаир
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

