25 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Според најновиот извештај на Регистарот на цени и закупнини на пазарот на недвижности при Агенцијата за катастар на недвижности, 2025 година донесе значителни движења на пазарот, со раст на вредноста и зголемена побарувачка во одредени сегменти.
Најскапата куќа во земјата била продадена за 1,5 милиони евра, а трансакцијата е реализирана во Општина Центар. Овој податок ја потврдува позицијата на Центар како една од најатрактивните локации за недвижности со висока вредност.
Од друга страна, најскапиот продаден стан во текот на 2025 година се наоѓал во Општина Аеродром, со цена од 166.500 евра. Во сегментот на деловен простор, највредната трансакција изнесувала дури 6,8 милиони евра, исто така реализирана во Општина Центар.
Извештајот покажува дека становите и понатаму се најбараниот тип на недвижност, учествувајќи со 33% од вкупниот број продажби и дури 48% од вкупната пазарна вредност. Иако бројот на продадени станови е намален за 3,9%, нивната вкупна вредност бележи раст од 10,8%, што укажува на пораст на цените.
Највисоки просечни цени по квадратен метар во 2025 година се забележани во:
Вкупната финансиска вредност на пазарот на недвижности достигнала 1,14 милијарди евра, што претставува зголемување од 12,9% во однос на 2024 година. Најголем дел од оваа вредност е реализиран во четвртиот квартал, со околу 314 милиони евра.
Во структурата на пазарот, земјоделското земјиште и шумите учествуваат со 31% од вкупниот број трансакции. Градежното земјиште, иако учествува со 14%, бележи значителен раст на вредноста од 36% во споредба со претходната година.
Куќите сочинуваат 13% од вкупниот број купопродажби, но нивната вредност е зголемена за дури 37%, што укажува на зголемен интерес за овој тип на недвижности.
Овие податоци укажуваат на стабилен раст и трансформација на пазарот на недвижности во Северна Македонија, со јасен тренд на зголемување на цените и вредноста на трансакциите, особено во урбаните општини.
Бугарија влегува во елитата на европскиот мотоспорт со нова тест-писта за Формула 1
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

