12 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Во гостување во подкастот Коридор 8, новинарот Насер Селмани порача дека не треба да претставува проблем доколку човек со бугарско етничко потекло учествувал во борбата за независноста на Македонија. Според него, ваквите факти не се причина за поделби, туку доказ за сложеноста и богатството на историските процеси.
„Тоа е богатство, барем за мене“, истакна Селмани, нагласувајќи дека различното потекло на одредени историски личности не ја намалува нивната улога во создавањето и развојот на македонската државност. Напротив, како што рече, тие примери можат да бидат мост што ги поврзува заедниците наместо да ги продлабочува разликите.
Во своето излагање, Селмани се повика на пример од албанската историја, потсетувајќи на мислата на Пашко Васа – „Верата на Албанците е албанштината“. Тој објасни дека Албанците традиционално припаѓаат на различни вероисповеди – мнозинството се муслимани, но има и католици и православни – и дека токму надминувањето на верските поделби било суштинско за националното обединување.
Селмани нагласи и дека самиот Васа по потекло бил Влав, но тоа не им наштетило на Албанците. „Што имат штета Албанците од тој човек? Само добиле“, посочи тој, додавајќи дека придонесот на една личност за државата е поважен од нејзиното етничко потекло.
Според Селмани, пораката е јасна – кога се гради држава, етничките и верските разлики треба да се стават во втор план. Прашањето дали некој оди во црква или во џамија е личен избор и не треба да биде основа за политички или историски конфликти.
Тој оцени дека луѓето не треба да „робуваат“ на ваквите категории и дека современото општество треба да се темели врз инклузивност и признавање на повеќеслојната историја на регионот.
Изјавата отвора поширока дебата за тоа како се интерпретира минатото и дали придонесот кон државноста треба да се вреднува според етничкиот идентитет или според делото. За Селмани, одговорот е јасен: борбата за независност и слобода е вредност сама по себе, без разлика на потеклото на оние што учествувале во неа.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

