10 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Општина Кочани ја објави програмата за одбележување на првата годишнина од трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“. Планираните настани имаат духовен и комеморативен карактер, а во програмата се вклучени и културни активности. Одбележувањето ќе започне на 14 март и ќе трае до 16 март, на повеќе локации во градот.
Програмата започнува на 14 март во црквата „Св. Великомаченик Георгиј“ во Кочани. Во 08:00 часот ќе се одржи литургија за покој на загинатите, по што во 09:30 часот ќе следи општ помен. Во 10:45 часот на Градските гробишта ќе се одржи трислужбена панихида за жртвите од трагичниот пожар во „Пулс“.
На 15 март се предвидени повеќе спортски и културни активности. Во 09:00 часот ќе започне рекреативна трка и велосипедски турнир на релација Штип – Кочани, организирани во чест на 63-те млади лица кои го загубија животот во трагедијата. Во истото време ќе започне и првиот комеморативен пешачки марш „Ивона Антова и 63 ангели“, кој ќе се одржи по патот кон Пониква.
Истиот ден, со почеток во 10:00 часот, во спортската сала на Средното училиште во Кочани ќе се одржи кошаркарски турнир меѓу повредените во трагедијата.
Одбележувањето на годишнината има за цел да се оддаде почит на жртвите и да се зачува сеќавањето на трагедијата која го потресе градот и целата јавност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

