TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Оливер Спасовски: Дизелот кај нас е поскап од Словенија – каде е „најевтиното гориво“?

27 март 2026

• од Станча Јаќимовски

Тврдењето на Владата дека Македонија има најниски цени на горивата во регионот денеска беше директно оспорено во Собранието, откако пратеникот Оливер Спасовски изнесе конкретни податоци што покажуваат поинаква слика.

Говорејќи на седницата за пратенички прашања, Спасовски посочи дека дизелот во Словенија се продава по цена од 1,52 евра за литар, додека во Северна Македонија достигнува 1,55 евра. Со ова, тој директно ја демантираше изјавата на Владата дека земјата има најевтини нафтени деривати во регионот.


„Излезете на пазар и видете ги цените“

Покрај горивата, Спасовски алармираше и за сериозниот раст на цените на основните прехранбени производи, посочувајќи дека поскапувањата се случуваат со забрзано темпо.

„За една недела имаме зголемување од околу 40 денари кај основни производи – зејтин, месо, млеко, јајца. Пиперките се 300 денари, доматите над 200. Ова не се изолирани случаи, туку реалност со која се соочуваат граѓаните секој ден“, рече тој од собраниската говорница.

Тој го повика министерот да излезе на терен и лично да се увери во состојбата:

„Излезете до зелено пазарче и сами видете како растат цените од ден на ден.“


Владата: Има мерки, но кризата е глобална

Министерот за економија, Бесар Дурмиши, во одговорот истакна дека Владата веќе презела чекори за ублажување на ударот врз граѓаните, меѓу кои и намалување на ДДВ за дел од производите од 18 на 10 проценти.

„Нашата земја има најниска цена на деривати во регионот. Доколку има енормно зголемување на цените на храната, подготвени сме да реагираме. Пазарниот инспекторат врши контроли и досега нема утврдено прекумерни маржи“, изјави Дурмиши, додавајќи дека глобалните движења на цените не можат целосно да се избегнат.

Сепак, ваквите тврдења беа веднаш оспорени од Спасовски со конкретните споредбени податоци за цените на дизелот.


Правосудниот испит и условите во МНР

Во рамки на пратеничките прашања, Спасовски отвори и други теми. Тој праша зошто доцни формирањето на комисијата за полагање правосуден испит, посочувајќи дека роковите веќе се пробиени и дека тоа е спротивно на законските одредби.

Заменик-министерот за правда, Ален Деребан, одговори дека комисијата е формирана, но дека има одложување поради потреба од подобрување на системот и спречување на злоупотреби од минатото.

„Сите кандидати ќе полагаат, но под нови и построги стандарди“, рече Деребан.

Спасовски, пак, иронично возврати дека анализите можат да траат „и четири години“, додека младите чекаат шанса да полагаат.

Дополнително, тој покрена прашање и за состојбата во зградата на Министерството за надворешни работи, тврдејќи дека дел од објектот е оштетен од влага и протекување. На ова прашање, како што беше најавено, ќе следува писмен одговор.


Политичка реторика наспроти реални бројки

Дебатата уште еднаш го отвори прашањето за реалната економска состојба и за тоа дали владините тврдења кореспондираат со цените на терен. Според изнесените податоци, разликата во цената на дизелот со земји од регионот, како Словенија, покажува дека тезата за „најевтино гориво“ не е апсолутна, туку подложна на сериозна проверка.

Останува да се види дали Владата ќе понуди дополнителни мерки или појаснувања, особено во услови кога граѓаните секојдневно се соочуваат со растечки трошоци за живот.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
29 март 2026

ДУИ: Изјавите на Мицкоски се враќање кон логиката од 1991 – се доведуваат во прашање Охридскиот договор и албанскиот јазик

МАКЕДОНИЈА
29 март 2026

Албанците со само 22,6% застапеност во Обвинителството, Македонците доминираат со 68,5%

МАКЕДОНИЈА
29 март 2026

До 35 проценти од населението се соочуваат со дебелина – сериозен јавноздравствен предизвик

МАКЕДОНИЈА
29 март 2026

Го задавил за да спречи раскинување на договор за доживотно издржување – камерите во куќа во Охрид го снимиле убиството

МАКЕДОНИЈА
29 март 2026

Скопје: Мајка ја однела 14-годишната ќерка на преглед, лекарите потврдиле напредната бременост

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
29 март 2026

Александар Наунов од Кочани: Чекориме за вистината да не остане на хартија, а правдата да не биде само план

МАКЕДОНИЈА
29 март 2026

Филипче: Антикризните мерки се задоцнети и нецелосни

МАКЕДОНИЈА
29 март 2026

Кумановци загрозени од бездомни кучиња: општината без средства за изградба на прифатилиште

МАКЕДОНИЈА
29 март 2026

Неизвесност околу 128 милиони евра од ИПАРД 3 – Трипуновски: Состојбата се следи, можно е поскапување на храната

МАКЕДОНИЈА
29 март 2026

Димоски: Којзнае уште колку „Палчовци“ има

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СПОРТ
29 март 2026

Бугарија У18 со втора последователна победа во европските квалификации во Софија

ДРУГО
29 март 2026

Денеска 29 март 2026 година се празнува Светиот апостол Аристовул

МАКЕДОНИЈА
28 март 2026

Осомничен за убиството во Охрид е лидерот на „Христијанско братство“

СПОРТ
28 март 2026

Шок за Македонија: Трајковски и Миовски ја напуштаат репрезентацијата пред Ирска

СВЕТ
28 март 2026

Доналд Трамп: Куба е следна

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
28 март 2026

Грчки професор по генетика: Македонците генетски најблиски до Бугарите

МАКЕДОНИЈА
28 март 2026

Пишува религија.мк: Кој ќе управува со милионските црковни имоти во Австралија?

МАКЕДОНИЈА
28 март 2026

Филипче: СДСМ ја внесе Македонија во НАТО со една од најбрзите процедури

СВЕТ
28 март 2026

Пазар во подем: како еврото ја менува инвестициската слика во Бугарија

МАКЕДОНИЈА
28 март 2026

ДУИ реагира на ставот на Народниот правобранител: Неприфатливо толкување за употребата на албанскиот јазик

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
28 март 2026

Снопче: Мицкоски користи заканувачки јазик и избегнува одговорност

СВЕТ
28 март 2026

Бугарија со антикризен пакет од 100 милиони евра за стабилизација на економијата

МАКЕДОНИЈА
28 март 2026

Скандал во здравството: Лекар во Северна Македонија заработил 11.400 евра за еден месец

СВЕТ
28 март 2026

Бургас повторно го собра бизнисот од Бугарија, Турција и Романија

МАКЕДОНИЈА
28 март 2026

Амбасадата на Албанија реагира на изјавите на Николовски: Да не се вклучуваат трети земји во внатрешни дебати

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
28 март 2026

Курти се сретна со Макрон: Побара поддршка од Франција за европската интеграција на Косово

ДРУГО
28 март 2026

Денеска 28 март 2026 година се празнуваат Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него

СПОРТ
27 март 2026

Туризам во Емполи, катастрофа за младите: Италија – Македонија 4:0

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега