17 февруари 2026
• од Гоце Кически
На 15 февруари 2026 година во 13:23 часот во СВР Штип било пријавено дека на улицата „14 Јуни“ во Македонска Каменица избувнал пожар во куќа сопственост на Љ.Ѓ. (80).
Полициски службеници од СВР Штип – Полициско одделение Македонска Каменица веднаш излегле на местото на настанот, каде што го затекнале сопственикот заглавен на терасата на вториот кат. По преземени мерки, со помош на скали лицето било безбедно симнато.
На повредениот му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Штип поради вдишување чад, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица, а увид на местото на настанот е извршен.
И додека интервенцијата на терен поминала професионално, комуникацијата на МВР повторно отвори прашања. Во објавата за настанот беше употребена очигледно лошо генерирана AI-слика, која повеќе наликуваше на илустрација од бесплатен генератор отколку на сериозна институционална визуелизација.
Дополнително, вниманието на јавноста го привлече и фактот што „жртвата“ на фотографијата беше дигитално замаглена — иако станува збор за вештачки генериран лик без реален идентитет. Овој потег предизвика иронични реакции на социјалните мрежи, каде што корисниците коментираа дека МВР успеало да „заштити приватност“ дури и на непостоечко лице.
Инцидентот повторно ја отвора дилемата за квалитетот и критериумите при користење на AI-содржини во официјалните комуникации на институциите.
Вучиќ предупредува на напади од сите страни — дали Белград се плаши од Бугарија?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

