26 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Полицаец вработен во Одделението за обезбедување на Собранието управувал моторно возило без да има положено возачки испит и без да поседува возачка дозвола. Против него е поднесена кривична пријава, а возилото му е одземено по наредба на јавен обвинител.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против лицето со иницијали А.Б., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.
Според соопштението, пријавениот, кој е полициски службеник во Одделението за обезбедување на Собранието на Република Северна Македонија, во рамки на Секторот за обезбедување на објекти од државен интерес при Одделот за заштита на определени личности и објекти, на 12 февруари 2026 година на улицата „11 Октомври“ во Скопје управувал лично патничко моторно возило „БМВ“ без положен возачки испит, односно без да поседува возачка дозвола.
По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено.
Покрај кривичната пријава, Одделот за внатрешна контрола против А.Б. поднел и предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

