27 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Силното невреме проследено со обилни врнежи од дожд предизвика големи поплави и катастрофални штети во струмичкиот регион. Најтешко погодени се руралните средини, каде водата за кратко време излезе од коритата и нанесе значителни загуби врз сточарството и земјоделството.
Најкритична е состојбата во селото Костурино, на локалитетот познат како „Шепово“. Таму, во силниот налет на надојдената вода, животот го загубија повеќе од 100 овци и јагниња, што претставува огромен удар за локалните сточари. Според сведоштвата на жителите, водата навлегла ненадејно и не им оставила доволно време за евакуација на добитокот.
Покрај загубите во сточниот фонд, сериозно се оштетени и земјоделските површини во атарот на селото Муртино. Голем дел од обработливите површини се целосно под вода, а насадите се во опасност од целосно уништување. Земјоделците стравуваат дека последиците од поплавите ќе се почувствуваат и во наредниот период, особено доколку водата подолго се задржи на нивите.
Надлежните институции најавуваат излегување на терен во наредните денови, со цел да се направи целосна проценка на материјалната штета и да се утврдат можностите за помош и обештетување на погодените семејства.
Локалното население апелира за брза реакција и поддршка, со оглед на тоа што за многумина сточарството и земјоделството се единствен извор на егзистенција.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

