македонија31 декември 2024 Постигнат договор меѓу Македонија и Бугарија за изградба на железничкиот тунел Деве Баир
Бугарската влада одобрила договорот меѓу Бугарија и Mакедонија за изградба и оперативност на железничкиот тунел „Деве Баир“, клучен дел од стратешкиот транспортен Коридор VIII.
Главната цел на Договорот е да се дефинираат јасни обврски и рокови за развој на железничката врска помеѓу двете соседни земји. Тунелот, кој ќе го поврзува граничниот простор помеѓу Бугарија и Северна Македонија, се предвидува да биде витална врска за подобрување на трговијата, индустриската размена и регионалната соработка. Оваа инфраструктура ќе има значајно влијание на транспортната поврзаност и ќе ја зајакне економската соработка не само меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку и за целиот Балкански регион.
Министерството за транспорт и комуникации на Бугарија, како страна во договорот, ја истакнува важноста од преземање на конкретни мерки за успешна реализација на проектот за изградба на железничкиот тунел. Изградбата на тунелот „Деве Баир“ се смета за клучен чекор за зајакнување на билатералните односи и за олеснување на протокот на стоки и луѓе помеѓу двете земји. Исто така, овој проект ќе ги унапреди регионалните трговски руте, што ќе поддржи поголем економски раст за целиот регион.
Договорот предвидува формирање на Заеднички комитет кој ќе ги координира сите активности поврзани со изградбата и оперативноста на тунелот „Деве Баир“. Комитетот ќе се грижи за тоа сите активности поврзани со проектот да бидат спроведени на ефикасен и навремен начин.
Министерството за транспорт и комуникации на Бугарија ќе започне дополнителни разговори со Република Северна Македонија за финализирање на текстот на договорот и започнување со имплементација на проектот. Тунелот ќе претставува клучна инфраструктурна инвестиција која ќе не само што ќе ги зајакне билатералните односи, туку и ќе биде важен елемент за модернизација на транспортните коридори низ Балканот.
Оваа одлука претставува значаен чекор во остварувањето на визијата за Коридор VIII како основа за економска интеграција и соработка во Југоисточна Европа.