09 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Собраниските активности закажани за утре ќе се одвиваат според планираното, и покрај најавениот протест на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), кој најави блокада на влезовите во законодавниот дом. Ова го потврди претседателот на Собранието, Африм Гаши, по утринската координација со координаторите на пратеничките групи.
ССМ соопшти дека ќе ги блокира влезовите во Собранието со цел да им се оневозможи на пратениците да дојдат на работа и да наплатат патни трошоци. Од кабинетот на Гаши информираат дека тој побарал пратениците да најдат соодветен начин да стигнат на своите работни места, при што ќе се почитува уставно загарантираното право на граѓаните на протест.
„Пратениците нека дојдат и пешки ако треба, Собранието ќе работи, а синдикатите ќе си протестираат“, порача Гаши, нагласувајќи дека институционалното функционирање мора да продолжи.
Со цел да се спречат евентуални инциденти, извршена е координација со началниците на Министерството за внатрешни работи и направена е безбедносна проценка на состојбата околу протестот.
Иако протестот е фокусиран на барањата за зголемување на минималната плата и намалување на функционерските плати, овие теми не биле предмет на дискусија на денешната координација. Гаши истакна дека ја поддржува благосостојбата на граѓаните, но нагласи дека станува збор за сложени економски прашања кои бараат внимателна и сеопфатна анализа.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

