10 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Гостивар поднесе кривична пријава против лицето А.И. (18) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, како и против лицето Е.И. (34), исто така од Гостивар, за кривично дело „насилство“.
Настанот се случил на 31 декември 2025 година во угостителски објект во Гостивар. Според информациите, по претходна расправија меѓу двајцата, дошло до нарушување на јавниот ред и мир, при што тие физички се пресметале меѓу себе.
За време на инцидентот, првопријавениот испукал четири куршуми од сигнален пиштол со светлосно-звучен ефект, при што еден од куршумите бил испукан во правец на второпријавениот. Полицијата презела мерки и против двајцата се поднесени соодветни кривични пријави.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

