21 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Работник вработен во „Железници на Македонија“ се здобил со повреди откако бил погоден од електричен удар додека ги извршувал своите работни задачи во Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 20.03.2026 година во 09:49 часот во СВР Скопје било пријавено од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ дека кај нив е донесен повреден маж со изгореници. Станува збор за З.А. (60) од Неготино, кој бил вработен во „Железници на Македонија“.
Како што е наведено во пријавата, повредениот се здобил со изгореници како последица на струен удар, кој го претрпел за време на извршување на работните обврски.
На местото на настанот извршен е увид од страна на полициски службеници од СВР Скопје, а за случајот е известен и трудов инспектор. Надлежните институции работат на целосно расчистување на околностите под кои се случил инцидентот.
Државниот врв со честитки за Фитр Бајрам: пораки за мир, солидарност и соживот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

