20 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Во врска со денешната изјава на министерот за здравство, Азир Алиу, за предлог-законот за заштита од тутун, Групата за производство на цигари и Здружението на производители на тутун и тутунски производи при Стопанската комора на Македонија изразуваат сериозна загриженост и разочараност од дополнетиот и изменет текст на предложеното законско решение, доставен од Министерството за здравство на 17 март.
Иако во текот на целиот процес на подготовка на законот индустријата настапуваше конструктивно и кооперативно, доставувајќи навремени анализи, предлози и детални коментари – како на ниво на група, така и индивидуално како компании – ниту една од аргументираните забелешки не е вклучена во новата верзија на текстот.
Во изминатиот период, претставниците на индустријата свесно се воздржаа од јавни медиумски настапи, со цел енергијата да се насочи кон професионален и конструктивен дијалог со институциите преку работни и технички состаноци, како и размена на меѓународни најдобри практики. Овој пристап беше особено важен во контекст на приоритетите што ги истакнува самото Министерство за здравство – строга регулатива за забрана на пушење во затворени простории и ефективна заштита на малолетниците.
Сепак, како директно засегната индустрија, нивните ставови и мислења воопшто не биле земени предвид. Предложениот текст, иако формално се повикува на цели поврзани со јавното здравје, во пракса воведува непропорционални ограничувања кои сериозно го нарушуваат легалното функционирање на секторот и носат ризик од брзи негативни последици.
Според индустријата, законското решение е во одредени делови неусогласено со постојното законодавство, тешко применливо во пракса и претерано рестриктивно, со директно негативно влијание врз легалните деловни активности. И покрај поддршката за целите како што се намалување на пушењето во затворени простории и заштита на младите, предложените мерки, според нив, нема да ги постигнат очекуваните резултати во подобрување на јавното здравје.
Особено загрижува фактот што рестриктивните мерки може да доведат до зголемување на неформалната економија. Во моментов, нелегалниот пазар веќе опфаќа околу 13–14% од вкупниот пазар, што подразбира неконтролирана продажба, небезбедни производи и значителни загуби за државниот буџет.
Анализите на индустријата укажуваат дека прекумерните ограничувања не ја намалуваат стапката на пушење, туку предизвикуваат:
Тутунскиот сектор има значајна улога во националната економија, опфаќајќи земјоделство, откуп, преработка, индустриско производство, извоз, угостителство, логистика и над 5.000 малопродажни објекти. Во последните пет години, државата инкасирала над 1,125 милијарди евра од акцизи, додека само во изминатата година приходите изнесуваат околу 350 милиони евра од акцизи, царини и даноци, како и над 200 милиони евра од откуп на тутун.
Во таа насока, индустријата поставува клучно прашање: дали Министерството за здравство има разработена стратегија за справување со потенцијалниот раст на нелегалниот пазар, намалената достапност на легални производи и последиците врз буџетските приходи и економијата во целина?
Групата бара поголема транспарентност, суштинско вклучување на засегнатите страни и донесување на регулаторни решенија кои се пропорционални, применливи и базирани на докази. Воедно, се нагласува потребата од усогласеност со европските практики и постојната законска рамка, со цел да се избегнат мерки кои би предизвикале повеќе штета отколку корист.
Компаниите членки, кои делуваат на повеќе од 180 пазари ширум светот, остануваат отворени за соработка и придонес кон изнаоѓање на ефективно, одржливо и балансирано решение кое ќе биде во интерес на јавното здравје, граѓаните и економијата.
Државниот врв со честитки за Фитр Бајрам: пораки за мир, солидарност и соживот
Филипче: Цените растат, а Мицкоски троши народни пари наместо да преземе мерки
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

