22 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Јавната обвинителка Ленче Ристоска поднесе тужба против политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, како и против премиерот Христијан Мицкоски. Таа истакна дека ги користи сите институционални механизми што ѝ стојат на располагање, нагласувајќи дека е недозволиво кое било обвинето лице да врши притисок врз јавен обвинител, особено од позиција на моќ.
„Ќе ги преземам сите институционални механизми кои ми се на располагање, бидејќи е недозволиво кое било обвинето лице да врши притисок врз јавен обвинител, а најмалку од позиција на моќ. Поднесов тужба против политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, како и против премиерот. За тоа е доставено и јавно објавено известување до Совет на јавни обвинители, институцијата задолжена за заштита на самостојноста на јавните обвинители“, изјави Ристоска.
Претходно, јавната обвинителка побара и јавно извинување од премиерот Мицкоски поради, како што наведе, навреди и дисквалификации. Советот на јавни обвинители најави дека ќе ја разгледува поднесената иницијатива во рамки на своите надлежности.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

