10 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Во подкастот Почетна пресметка, политичкиот аналитичар и јавен коментатор Саше Ивановски, познат во јавноста како Саше Политико, изнесе сериозна загриженост за можните последици доколку партијата Левица дојде на власт.
Ивановски јасно нагласи дека не се идентификува како левичар и дека, според него, евентуално владеење на Левица би имало деструктивни ефекти врз функционирањето на државата. Според неговите зборови, радикалната економска програма на партијата може целосно да го закочи системот.
„Ако Левица дојде на власт, не дај Боже, оваа држава ќе застане и ќе се уништи“, истакна Ивановски, посочувајќи дека нивните политики, како затворање на банките и укинување на извршителите, се нереални и економски опасни.
Тој додаде дека ваквите идеи, иако според него се „луди“ и неодржливи, сепак наоѓаат плодна почва кај дел од граѓаните кои немаат доволно разбирање за економијата. „На многу народ тоа му лепи кога некој убаво ќе му кажува дека ќе излеземе од НАТО, ќе излеземе од ЕУ, ќе им кажеме ‘fuck off’ на соседите и ќе ги избркаме Албанците од државата“, рече Ивановски.
Според него, ваквата реторика се потпира на силен национализам и едноставни пораки што лесно се прифаќаат, особено во услови на социјално и економско незадоволство. Ивановски изрази и изненадување што Левица не освоила уште повеќе пратенички места, имајќи ја предвид, како што рече, „лепливата и привлечна понуда“ што ја нуди на гласачите.
Неговата изјава отвора поширока дебата за влијанието на популистичките и радикалните политички програми врз јавното мислење, како и за одговорноста на политичките актери кога станува збор за економската реалност и меѓународната позиција на државата.
Филипче: СДСМ повторно го поднесува законот, 600 евра минимална плата сега
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

