30 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Животниот стандард на граѓаните секојдневно се намалува, додека Владата предводена од Христијан Мицкоски не презема конкретни мерки за справување со растечката скапотија. Наместо активна економска политика и заштита на граѓаните, сведочиме на целосна пасивност во услови на сериозен раст на цените.
Во маркетите, основните прехранбени производи стануваат сè понедостапни. Цените на јајцата, зејтинот, пиперките, доматите и низа други производи континуирано растат, додека платите стагнираат и не го следат растот на трошоците за живот. За многу семејства, секојдневното купување на основни намирници станува вистински предизвик.
Очигледно е дека Владата не презеде навремени и ефикасни мерки за да го ублажи ударот врз граѓаните. Наместо ограничување на цените, засилен пазарен надзор или поддршка за најранливите категории, се дозволува неконтролирано поскапување кое директно го погодува џебот на граѓаните.
Оправдано се поставува прашањето – во чиј интерес работи Владата? Дали се штитат интересите на граѓаните или, пак, приоритет имаат одредени бизнис структури кои профитираат од кризата?
СДСМ смета дека е неопходна итна реакција. Потребни се конкретни мерки за заштита на животниот стандард: ограничување на цените на основните производи, зголемување на платите и системска поддршка за најпогодените граѓани.
Граѓаните не смеат да бидат оставени сами. Тие заслужуваат одговорна и посветена власт која ќе делува навремено и ќе работи во нивен интерес, а не ќе дозволи економската тежина да падне исклучиво врз нивните плеќи.
Одговор на новинарско прашање
Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор на СДСМ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

