16 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
16 дена по избивањето на скандалот – Опозициската СДСМ обвинува дека јавноста сè уште нема одговор како пет тони дрога ја поминале македонската граница и завршиле во Србија, оценувајќи дека станува збор за „најголем нарко скандал“ во последниот период.
Во писмено соопштение, партијата наведува дека наместо конкретни одговори од институциите, јавноста сведочи на, како што велат, обиди за дефокусирање преку изнесување различни бројки за наводно запленета нелегално произведена марихуана во земјава.
Посебно се посочуваат изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, за кого од СДСМ тврдат дека „лицитира со бројки“, споменувајќи 25, 40, па и 100 тони запленета марихуана. Според опозициската партија, доколку навистина станува збор за нелегално производство од такви размери, тоа отвора дополнителни и посериозни прашања за институционална одговорност.
„Како е можно марихуана да се произведува на површина еквивалентна на речиси 40 фудбалски стадиони, а институциите да не знаат, да не проверат и да не контролираат?“, прашуваат од СДСМ.
Партијата смета дека евентуалната одговорност не може да се лоцира само на едно место, туку треба да ги опфати сите надлежни институции – Министерството за внатрешни работи, здравствените и земјоделските власти, како и инспекциските служби – односно сите кои имале законска обврска да вршат надзор и контрола.
Од СДСМ бараат јасни одговори на две клучни прашања:
„Нема да дозволиме овој скандал да се заташка. Одговорност мора да има – за сите“, порачуваат од партијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

