22 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Опозициската партија СДСМ обвинува дека правниот систем во државата е под директна политичка контрола и дека институциите повеќе од 80 дена молчат за наводни злоупотреби во јавните набавки.
Во соопштение за јавност, СДСМ оценува дека „правдата во државата се погребува“ и дека судството и обвинителството се ставаат под директно влијание на премиерот Христијан Мицкоски и владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Според СДСМ, смената на јавниот обвинител била направена со цел да се постави лице кое ќе биде под директна политичка контрола. Партијата тврди дека премиерот јавно ја елиминирал кандидатката Ристовска, иако, како што наведуваат, таа добила максимални 10 поени од Советот на јавни обвинители.
„Мицкоски сам одлучува и си бира обвинител по свое“, стои во реакцијата на СДСМ.
Воедно, од партијата посочуваат и на други, како што велат, спорни назначувања и влијанија во правосудниот систем – назначување на сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за член на Судски совет, советнички позиции во Уставниот суд, како и наводи дека претставници на извршната власт однапред знаат судски одлуки за незавршени предмети. Според нив, од собраниската говорница им се делат насоки на обвинителите како да постапуваат.
СДСМ тврди дека паралелно се води кампања за дискредитација на предметите што ги отвори Специјално јавно обвинителство, со цел, како што наведуваат, да се избрише одговорноста на поранешни функционери.
Особено загрижувачки, според СДСМ, е молкот на институциите за наводните злоупотреби со јавни набавки што ги објавил Антикорупцискиот тим на партијата. Од првата пријава до Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), како што наведуваат, поминале повеќе од 80 дена без каква било реакција.
Партијата посочува дека нема одговор ниту од обвинителството, ниту од финансиската полиција.
Во соопштението се наведуваат конкретни бројки:
„Сите молчат“, велат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека станува збор за „иста матрица“ од времето на Никола Груевски, додавајќи дека се создава атмосфера за негово евентуално враќање во земјата.
Соопштението завршува со порака дека институционалниот молк и политичкото влијание врз правосудството претставуваат сериозна закана за владеењето на правото и демократијата во државата.
Романија се восхитува на Бугарија за новиот научен проект – за што станува збор?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

