24 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Опозициската партија СДСМ обвини дека одлуката за куќен притвор за Артан Груби претставува јасна потврда дека постои политички договор меѓу власта и ДУИ. Во соопштение доставено до јавноста, кое беше пренесено од МИА, од партијата велат дека „сè е договорено“ и дека институциите се ставени под директна контрола на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ тврдат дека, како што наведуваат, „дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста“. Според нив, случајот со Груби бил внимателно режиран – почнувајќи од неговото заминување од државата, па сè до неговото враќање и определувањето куќен притвор.
Партијата посочува дека при неговото заминување од државата не работеле камерите на граничниот премин, иако, како што наведуваат, Груби бил на стоп-листа. Од друга страна, според нив, при неговото враќање биле обезбедени снимки „на секој чекор“ – од граница, преку пречекот, па сè до институциите на Обвинителството и Судот.
СДСМ го доведува во прашање и определувањето куќен притвор како мерка за обезбедување присуство.
„Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од партијата, потсетувајќи дека Груби, според нивните наводи, ја напуштил државата пеш и покрај тоа што бил на стоп-листа. По 14 месеци отсуство, додаваат, тој се вратил и му била определена поблага мерка.
Во соопштението се наведува и дека по враќањето на Груби следувала, како што тврдат од СДСМ, „веќе подготвена кампања“ во медиуми под контрола на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Од СДСМ оценуваат дека ништо во овој случај не е случајно и дека станува збор за дел од поширок договор меѓу ДУИ и, како што ја нарекуваат, „ВМРО-ОКГ“. Според нив, останува да се види „која е цената“ на таквиот договор.
Соопштението е потпишано од Центарот за комуникации на СДСМ.
СДСМ: „Како нема ниту една камера за 5 тони дрога, а има камери за Груби?“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

